Милошоски: Нино Васев бил над законот и имал политички покровител на Онкологија

Дали Фондот за здравствено осигурување е обврзан да даде согласност за барањето на одредена клиника за дополнителни средства. На пример дали е задолжителна согласност од ФЗО за случајот на Клиниката за онкологија, го праша пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски поранешниот директор на ФЗО, Орхан Рамадани кој ја вршеше функцијата во период од 2015 – 2020.

Прашањето Милошоски го постави на собраниската Анкетна комисија за случајот Онкологија.

Откако Рамадани одговори дека ФЗО дала согласност по проценка од службите за тоа дали има потреба од бараниот лек, дали има буџет за побараните средства, Милошоски посочи:

Advertisements

„Гледам дека поранешниот директор Нино Васев бил над законот и над согласностите кои му биле дадени. Ова укажува дека Васев не бил сам и имал политички покровител штом тоа го правел вака долго време“, рече Милошоски.