Милошоски за срамните навреди на митингот во Куманово: „Многу ниско, дури и кога очекуваш пораз треба да бидеш достоинствен“

Осуда и револт кај граѓаните, откако на митинг на кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Куманово беа изречени срамни навреди кон професорката и кандидатка за претседателка на Македонија Гордана Силјановска Давкова.

Ви ја пренесуваме реакцијата од пратеникот Антонио Милошоски:

„Многу ниско од Пендаровски што нарачува ваков говор на омраза кон професорката Силјаноска, со омаловажување на жената преку возраста.

Advertisements

Дури и кога очекуваш изборен пораз, треба да бидеш достоинствен и човечно да се однесуваш кон конкуренцијата, со должна почит кон сите кандидати, особено кон дамите.

Борбата за рамноправност меѓу жените и мажите не е само парола, туку и личен пример кој треба да го покажат на дело сите јавни личности и функционери.

А ова што вечерва го одобри и премолчи Пендаровски е пример како не треба да постапи никој друг политичар, воспитан маж и џентлмен“, вели Милошоски.