Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска порача дека треба да бидеме горди на фактот што С. Македонија во регионот е најевтина земја во делот на цените на прехранбени производи и нафтени деривати.
„Иако нафтените деривати се берзански производи, секоја Влада има простор процентуално да влијае во утврдување на цените, посебно во делот на фискалните политики каде што влегуваат акцизите, ДДВ-то, па и другите царински давачки. Имаме простор да донесуваме вакви одлуки за да ги амортизираме високите цени, рече Бектеши на прес-конференција.
„Само од октомври 2022 до крајот на април годинава имаме намалување на цените на прехранбени производи со 14,7 отсто, што е поголемо намалување од зголемувањето на платите во овој период во нашата држава“, изјави Бектеши.