Каде завршуваат 30% од тендерите во РЕК? На ова прашање треба да одговорат власта на СДС и ДУИ, а по избори треба да знаат дека ќе има одговорност сите инволвирани во тендерот од 46 милиони евра за ископ на јаглен кој на неколку дена пред избори го зема фирмата на белорускиот конзул во Македонија, изјави на прес конференција Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ.
„30% е разликата во цена за ископ на еден кило џул јаглен кој го понудила Марковски компани на белорускиот конзул и на другите фирми на тендерот. Иако Марковски компани имала повисока понуда, таа го добива тендерот. Имено, РЕК Битола ја избира Марковски компани со понудена цена за ископ од 129.7 денари по гига џул, а истовремено ја игнорира понудата од 100 денари по гига џул. Власта мора да каже зошто е избрана поскапата понуда и дали во џебовите на луѓе од власта завршуваат овие 30% од тендерот?“, вели Митева.
Според неа ова не е единствен тендер на истава компанија, која е рекордер во тендери, од над 80 милиони евра во изминативе години токму во РЕК, за ископи вредни милиони правеле и други фирми блиски до власта.
„Колкава е штетата која на овој начин е предизвикана 7 години и дали ова беше план на власта за грабеж на државата? Дали за да го реализираат овој грабеж со самото доаѓање на власт ја поништија набавката на рударска опрема за ископ на јаглен во вредност од 34 милиони евра, распишана од претседателот Мицкоски тогаш како директор на ЕЛЕМ?
Набавката предвидуваше набавка на багери, камиони, булдoжери за копање на јaглен во РЕК Битола, и доколку се реализираше истата ќе беше сосема непотребно да се ангажираат надворешни фирми за ископ, па така во РЕК ќе се заштедеа десетици милиони евра секоја година. СДС и ДУИ ја стопираа набавката, затоа што знаеа дека ако РЕК има сопствена механизација, ќе нема како да распишуваат милионски тендери и како да ги крадат парите на народот преку вакви тендери“, објасни Митева.
Коренот на проблемот, вели Митева, е грабежот на државата преку РЕК Битола тежок стотина милиона евра од 2017 до денес, кој немаше да се случи доколку власта не ја поништеше набавката на механизација спроведена од претседателот Мицкоски.
СДС и ДУИ систематски ја ограбуваа Македонија изминативе 7 години и за тоа одговорност ќе има. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, порача Митева.