На младиот Игор му се влошила здравствената состојба, моли да добие трикафта

Игор Пехчевски, кој боледува од цистична фиброза попладнево информира дека повторно бил хоспитализиран и дека му е влошена здравствената состојба, но дека се уште не го добил лекот „трикафта“.

Тој упати повик до премиерот Димитар Ковачевски да се обезбеди неопходниот лек за да не биде предоцна.

„Денеска лекот трикафта го поделија уште на 4 пациенти. Јас не сум ни во оваа група. Повторно сум хоспитилизиран, но сега на Детската клиника во Скопје , со влошена здраствена состојба. Треба да чекам да влезам во терминалната фаза за да го добијам лекот кога нема веќе ни да ми делува. Постапете ВЕДНАШ и СЕГА , за да не ни се случат и други немилии случаи како со БЛАГОЈЧЕ“, вели младиот Игор.

Advertisements

Тој потсетува дека болеста е прогресивна и непредвидлива, и никој не знае што го чека утрешниот ден.

„Секој ден го живееме во СТРАВ и НЕИЗВЕСНОСТ. Престанете да тактизирате со нас болните од Цистична фиброза. Не си играјте пинг – понг со нашите животи. Направетего го тоа што го бараме од Вас СЕГА и ВЕДНАШ за да не биде предоцна за секо еден од нас. Правете добри дела за со добро да ви се врати“, порача Пехчевски.