МНР ќе го организира транспорт на посмртните останки на починатата девојка во Јужна Африка

Министерството за надворешни работи информира дека по добиените информации за почината државјанка Маја Јанеска во Јужноафриканската Република, тие стапиле во контакт со надлежните органи на земјата преку надлежната Амбасадата во Каиро, од каде добиле потврда за трагичниот настан.

– Нашите претставници се во постојана и непосредна комуникација со надлежните јужноафрикански власти  како и со роднините на починатата, како во делот на утврдување на деталите така и околу организирањето транспорт на посмртните останки на починатата во земјава, соопшти МНР.

Јанеска позната како Маја Миа била пронајдена почината во Јужна Африка. Тамошните медиуми, повикувајќи се изјавата од портпаролот на полицијата, информираа дека до мртвото тело на Јанеска имало оружје.

Advertisements