Мојсоска: Мицкоски не сака да преговара за повисоки плати, а седи со тие што го ограбија народот

По соопштенијата на ВМРО- ДПМНЕ со кои го нападнаа претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, и вчерашната изјава на премерот Христијан Мицкоски во однос на барањата на ССМ и обвинувањата дека ССМ е во коалиција со Левица, СДСМ и ДУИ – пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, потсети дека во 2022 година токму пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ најави дека во Собранието ќе го достави барањето на ССМ за зголемување на платите:

„Власта започна војна со синдикатите и тоа од највисоката фигура во Владата – премиерот. Вчера Мицкоски изјави дека „ССМ станале портпароли на Левица и СДС и дека 7 години претходно не правеле ништо за зголемување на минималната плата.”

Или Мицкоски лаже или не е запознаен што правеле неговите пратеници во опозиција. Токму пратениците од ДПМНЕ (како опозиција) имале состаноци со синдикатот ССМ и ги поднесувале нивните амандмани за зголемување на минималната плата. Истите оние кои сега ДРСКО ги одбиваат!

Advertisements

И пазете, Мицкоски изјавува дека ВЛАДИНА комисија ќе ја утврдува легитимноста на раководството на ССМ. Како истото раководство беше легитимно кога пратениците од ДПМНЕ седеа на маса со нив?!

Премиерот Мицкоски најави дека нема да преговара за минимална плата со „нелегитимен” синдикат. Ама затоа е спремен да преговара со претседател на Стопанска комора која учествуваше во картелско договарање на цените на маркетите и суров грабеж на народот” – коментира пратеничката од Левица, Јована Мојсоска.