Од преголема количина кокаин почина 20-годишното момче кај кое полицијата најде дрога по извршен претрес во неговиот дом, објави „Фокус“.
Како што дознава „Фокус“ од неофицијални извори момчето го проголтало кокаинот за да го скрие од полицијата.
„Обдукцијата треба да покаже колкава количина кокаин завршила во неговиот организам. Неговите витални функции престанале уште пред да биде донесен во болница. Додека траело апсењето на момчето, му се слошило и бил однесен во штипската болница, но веќе било доцна“, пишува „Фокус“
Од болницата за „Фокус“ велат дека попладнето го примиле В.А. дека се обиделе да го реанимираат, но безуспешно.
Претходно во билтенот на МВР беше објавено 20-годишникот починал откако му се слошило по извршен претрес.