Во врска со случајот на разбиената пратеничка канцеларија на пратеникот Миле Лефков, би сакал да ја информирам јавноста дека МВР го расчисти случајот – сторителот е пронајден, напиша на социјалните мрежи дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.
Денеска кандидатот за пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3 Миле Лефков обзнани дека ден пред гласање непознати сторителу му ја разбиле пратеничката канцеларија во Кочани.
„Затоа ли СДС не даваше поместувања во ОВР Кочани. На ден пред гласање, разбиена мојата пратеничка канцеларија во Кочани.
Одржав прес пред ОВР Кочани, веднаш по пресот на Бојмацалиев
Дали инсистирањето на техничката Влада и на Бојмацалиев да нема никакви кадрови поместувања во Кочани беше токму со оваа цел, односно за да се шири страв и несигурност.
Овие методи не Ви поминуваат повеќе“, порача Лефков.