МВР потврди двојно убиство во Старата чаршија, еден е пренесен во болница

Министерството за внатрешни работи вечерва потврди, како што објавивме претходно, дека се случило  двојното убиство во Старата скопска чаршија.

„На 06.03.2023 во 20.11 часот во СВР Скопје пријавено е дека во угостителски објект во Скопје неколку лица пукале кон Ј. К. и Е. И., кои починале на лице место, и кон А.Т., кој е пренесен во болница за укажување лекарска помош“, велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Advertisements