На 19 години загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Деветнаесетгодишно момче со иницијали М.М. синоќа загинало во сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 1: 20 часот на локален пат меѓу Вевчани и струшкото село Подгорци, информираат од СВР Охрид.

Полицијата соопшти дека увид на лице место извршиле полициски екипи, како и дека и јавен обвинител излезен е на местото на настанот.

Според информациите од Вевчани, каде денеска треба да се одржи традиционалниот Вевчански карневал, станува збор за синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

Advertisements

„На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга“, се вели  во известувањето од МВР.