„На 8 мај мора да направиме мобилизација, за да спречиме враќање на режимот“ – Пендаровски во Штип

Сега ќе мораме да направиме мобилизација, максимална за да спречиме враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два, порача вечерва од Штип, кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

Забележа дека потоа нема да има демократски избори и да не се надева некој дека догодина ќе имаме легитимни, легални и транспарентни локални избори.

-Ние кога сме биле на власт, оваа политичка структура сме организирале демокртаски избори и сме ја предавале власта, кога ќе сме ја изгубиле. Тие не само што организираат недемократски избори, туку и на такви избори во 2016 година, кога ја изгубија власта, со сила сакаа да ја задржат, рече Пендаровски.

Advertisements

Тој посочи дека во одредени делови во земјата постои малку обескураженост за резулататите од првиот круг, но какошто рече има образложение. За првпат во историјата имаше седум кандидати во првиот круг, кој секој го зема својот дел од електоратот.

-Меѓутоа ви тврдам, ве уверувам дека не само да го кревам вашиот и мојот морал, затоа што тоа е објективна политичка проценка, која ќе се покаже на 8 мај дека гласовите на овие што испаднаа од првиот круг, петмина, вкупно околу 330.000 гласови се многу блиску до овој концепт, која јас го заговрам, го застапувам, го промовирам изминатите години, а сите вие го поддржувате. Значи тие што испаднаа ќе си одат со своите политички субјекти на парламентарните избори, ќе видеме како ќе поминат. Но, во овој другиот дел на претседателските избори да немате никакви дилеми дека најголемиот дел од нив сакаат стабилна Македонија, сакаат Македонија со извесна иднина и сакаат Македонија да биде интегрирана во развиениот свет, рече Пендаровски.

Тој се осврна и на изборните трикови со кандидатските листи на пратеници, кои имаат слични имиња и презимиња со кандидатите на СДСМ. Пендаровски истакна дека на овој начин се обидуваат да ги доведат во заблуда гласачите, а опозицијата ваквите начин на измама на гласачкото тело може да направи само ако имате какошто рече министер за внатрешни работи и пристап до сите лични податоци на граѓаните.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски истакна и дека неговата противкандидатка Гордана Силјановска-Давкова не ги знае основните надлежности на претседател на државата.

-Значи госпоѓата нема поим од основните работи и надлежности на претседателот. Прво вели дека е добро нашето членство во НАТО, а вели дека е против Преспанскиот договор. Сакаме да отидеме нели во Европска унија, но немаме ништо против европската преговарчка рамка, а не спомнува промена на Уставот, со што не може да се продолжи понатаму. И најнов изум, која упорно го повторува последните денови, заговара нов Устав, граѓански Устав, со кој ќе се редифинира рамковниот договор. Нека ни е наирлија ако таквите добијат мнозинска поддршка од македонскиот народ и македонските граѓаните, рече Пендаровски вечерва на средбата со граѓани во Штип.

Кандидатот за претседател на СДСМ, Пендаровски ги повика граѓаните кои не гласаа на првиот круг на претседателските избори, да излезат и да го остварат своето право на глас, со цел да не се врати режимот, а поради немање на демократија, младите во уште поголем број ќе се иселуваат.