На денешен ден загина Коле Неделковски, фрли бомба и не се предаде на бугарските фашисти

На денешен ден во 1941-ва година, македонскиот поет и револуционер Коле Неделковски, за да не се предаде жив во рацете на бугарската полиција, фрли бомба и се самоуби, фрлајќи се на улица низ прозорецот од својата соба.

Живееше  во стан на шести кат во Софија. Во тој период Неделкоски беше член на една диверзантска група.

Најпознати негови дела се збирките песни „Молскавици” и „Пеш по светот”. Роден е во селото Војница, Велешко, на 16 декември 1912 година.

Во септември 1941 година, дванаесет дена по излегувањето од печат на збирката песни „Пеш по светот“, Неделковски бил откриен од полицијата како разнесувач на летоци.

Advertisements

На 2 септември 1941 година, полицијата ја блокирала шесткатната зграда во која живеел. Сиот материјал што можел да ги компромитира неговите другари, Неделковски го уништил, давајќи им оружен отпор на гонителите. А кога веќе немало надеж за спас, тој се фрлил од прозорецот на својата мансарда на тротоарот на улицата и така загинал.

Постојат сомнежи во врска со тоа дали бил Неделковски бил фрлен од полицајците или пак самиот скокнал преку прозорецот на неговата соба. Сведоците на настанот потврдиле само дека слушнале експлозија на бомба во зградата, а потоа виделе како Неделковски паѓа на плочникот.

По Втората светска војна, на местото на настанот била поставена спомен-плоча, која подоцна исчезнала.