Професорката Тања Каракамишева на социјалните мрежи побара поддршка за пратениците кои, како што вели, застанаа на браникот на македонското достоинство.
Ова нејзина порака е во пресрет на посетата на високиот дипломат на САД Габриел Ескобар кој се очекува да има разговори со претседателот на државата Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„На МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ДА И СЕ ПОВТОРИ 2017-18 г. МАКЕДОНИЈА ќе биде европска држава кога ќе стави крај на безобразната политичка трговија со пратеници! МАКЕДОНИЈА има достоинствен народ кој единствено што бара е да живее во нормална држава каде националното достоинство не е на продажба! МАКЕДОНИЈА Е СЕ ШТО ИМАМЕ! ПОДДРШКА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ КОИ ЗАСТАНАА НА БРАНИКОТ НА МАКЕДОНСКОТО ДОСТОИНСТВО!“, порача професорката Каракамишева.