На Онкологија почина човечноста, во нормални држави владите даваат оставки – Демократско движење

Во нормални држави за вакви случаи владините кабинети даваат неотповикливи оставки, но, за жал, такво нешто не може да се очекува од оваа неморална влада, велат од партијата Демократско движење на Изет Меџити.

Полициската акција на Клиниката за Онкологија, според сите индиции, ќе извади на површина скандал од трагични размери. Веќе е јасно дека здравството е криминализирано, се вели во реакцијата на Демократско движење.

Партијата изрази надеж дека овој скандал од нечовечки размери нема да го има истиот епилог како оној на Модуларната болница во Тетово, кој Правдата го заклучи со смешни, ако не и апсурдни „казни“.

Advertisements

„Злоупотребите во оваа клиника укажуваат на запоставување на надлежните органи, иако претходно имаше предупредувања дека на Онкологија човечноста починала, а за тоа сведочат злоупотребата на терапии и трговијата со лекови“, се вели во соопштението од партијата Демократско Движење.

Оттаму порачуваат дека „ова е последен момент за надлежните органи, односно Министерството за внатрешни работи и Обвинителството да го покажат своето вистинско лице и сите виновници да ги изведат пред правдата, бидејќи нашите болници стануваат центри на убивање луѓе, а не центри каде се спасуваат животи.

„Здравството се распаѓа сериозно. За жал, владеењето на СДСМ и ДУИ одамна е излезена од контрола, оставајќи простор за античовечки дејствија и луѓе од власта кои не се заситуваат од крадење и злоупотреба насекаде, вклучувајќи ја и оваа злоупотреба на лекови за болните од рак“, се вели во партиската реакција на Демократско движење.