На секој трет граѓанин му било побарано мито, секој четврти и дал – најнови податоци за македонската јалова битка со корупцијата

Корупцијата претставува најголем проблем во државата, на секој трети граѓанин му било побарано мито, додека секој четврти дал, што не одговора на состојата со справување со корупцијата, особено во судскиот систем каде што имаме 98 случаи на пресуди за злоупотреба на служебна должност и само четири за давање или примање поткуп, истакна Александар Кржаловски, директор на македонскиот Центар за меѓународна соработка, јави МИА.

Кржаловски на денешниот отворен форум за антикорупција на кој се дискутираше за мерките и политиките кои се преземаат и треба да се преземаат во борбата против корупцијата, се осврна на резултатите од извештајот за проценка на корупцијата на РСМ, Антикорупциските перформанси во јавните набавки на институциите на централната и локалната власт.

-Во ова истражување беше земено предвид и мислењето на граѓаните, според кое ситуацијата е полоша во институциите, односно граѓаните ги перцепираат министрите, лидерите на политичките партиии, судиите како најкорумпирани професии и следствено најкорумпирани институции владата, судиите и прламентот таму и треба да почне да се води борбата против корупцијата, истакна тој.

Кржаловски рече дека она што е интересно во ова истражување е дека МВР била препознаена како институција која најмногу се бори против корупцијата, а пoсле неа следи Државната комисија за спречување корупција.

Додаде дека за разлика од минатите години подобрување има во тоа што грѓаните гледаат поголема надеж во справувањето со корупцијата. Извештајот е изработен во рамките на проектите „Граѓанско општество за добро владеење и антикорупција во Југоисточна Европа: Градење на капацитетите за застапување врз база на докази, влијание врз политиките и граѓански ангажман (СЕЛДИ.нет)“ и „Граѓаните против корупцијата“.

Фото: Центар за меѓународна соработка