Над 5 километри колона од автомобили на патот Кичево – Гостивар, Бектеши повикува да не се блокира изградбата на коридорите

Министерот Крешник Бектеши ја повика опoзициската ВМРО-ДПМНЕ да не го блокира проектот за изградба на коридорите затоа што без овој проект нема туризам и економски развој.

„Над 5 километри колона од автомобили на патниот правец Кичево-Гостивар! На Струга и Охрид како туристички бисери во земјава им е потребен Коридорот 8 повеќе од кога било. На ВМРО-ДПМНЕ треба да ѝ е јасно дека без овој проект нема туризам и економски развој.” напиша на својот Фејсбук профил министерот  Бектеши.

Се очекува утре претседателот на Собранието, Талат Џафери да одржи координативна средба на која со  пратеничките групи ќе треба да договори кога и како ќе се презентира договорот со Бехтел и Енка за коридорите 8 и 10-Д.

Advertisements

Премиерот Димитар Ковачевски минатата недела рече дека прифатил Договорот да биде презентиран од владини претставници пред пратеници со безбедносен сертификат и дека согласноста е испратена во Собранието.