Во продолжение реакцијата на Левица интегрално:„Со 6 664 амандмани Левица го блокираше овој пакет закони и на овој начин ќе се ставеше крај на обидите за поробување на работниците и истиснување на државните пари – но, без правна основа Владата реши да ги злоупотреби инструментите за усогласување со европската легислатива – со европско ЗНАМЕНЦЕ антицивилизациски и анти-европски.
Стануваме апсолутен рекордер во светот. Досега, тоа беше Мавританија со 54 часа, по која следат Египет со 53, Гамбија со 51 и Буркина Фасо со 50 часа. Но, Владата на СДС и ДУИ воведе 12 часовно работно време, шест дена во неделата! Тоа значи дека, луѓето кои ќе работат, ќе бидат физички исцедени и ќе немаат време да ги обноват физичките капацитети за да продолжат нормално да живеат. Уставот вели дека секој работник има право на платен дневен, неделен и годишен одмор. Од овие права работниците НЕ МОЖЕ ДА СЕ ОТКАЖАТ.
Помеѓу силниот и слабиот, слободата е таа која угнетува, а законот е тој кој ослободува. Сега имаме ситуација, законот да ги поробува работниците, наместо да ги ослободува!
Левица нема да дозволи на овие грабливци и злосторници без отпор да се богатат на грбот на работниците. На борбените линии против паразитите од СДС и ДУИ нѐ обединува класниот и националниот интерес – спротиставени на нелегитимните рехабилитатори на фашизмот и острицата на корпоративната диктатура“.