Налепниците „НМК“, ќе чинат од 30 до 50 денари

Налепниците со новата ознака за возилата во државата „НМК“, ќе чинат најмногу 50 денари, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат, согласно Рамковната спогодба за набавка на регистарски таблици, склучен бил договор за нарачка со избраниот економски оператор, за што течат законските рокови за испорака на налепниците.

– Согласно решението за изменување и дополнување на решението за цените на обрасците што ги издава Министерството за внатрешни работи, објавено во Службен весник на Република Северна Македонија број 2 од 03.01.2024, цените на налепниците ќе се движат од 30 до 50 денари, додаваат од МВР.

Advertisements

Обврската за користење на кодот „НМК“ на регистарските таблички е од Преспанскиот договор.