„Нашите деца заслужуваат да растат дома, во Македонија“ – Ковачевски повикува сите граѓани да гласаат за европска иднина

На 8-ми мај Македонија треба да гласа ЗА затоа што гласањето ПРОТИВ со себе носи долгорочни последици и ризици. Ова го порачав на митингот на Коалицијата за европска иднина што вечерва се одржа во Неготино, пишува на Фејсбук Димитар Ковачевски, лидерот на СДСм

„Гласот ПРОТИВ значи и враќање во минатото, во времето на 11-годишното владеење на Никола Груевски, бидејќи Мицкоски не е ништо друго освен копија на својот претходник. Најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат и влошување на меѓуетничките односи се опасни.
Ги повикувам сите граѓани да гласаат за европска иднина, бидејќи нашите деца заслужуваат да растат дома, во Македонија. Имаме обврска да им обезбедиме услови за живот какви што имаат нивните врсници во Европската Унија. Само СДСМ и Коалицијата за европска иднина имаат сила, знаење и капацитет да ги завршат преговорите и да ја внесат државата во ЕУ. Нема откажување од иднината!“, порачува Ковачевски.