Натепаниот Пендиков пее друга песна за бугарските медиуми – тврди дека го нападнал близок на ВМРО-ДПМНЕ оти бил Бугарин

Охриѓанецот Христијан Пендиков во интервју за бугарската телевизија БТВ изјави дека го нападнале тројца, од кои го знаел само осомничениот Илија Спасевки, за кој додад едека е близок до ВМРО-ДПМНЕ.

Во разговорот тој тврди дека не ги познавал другите двајца напаѓачи, иако полицијата извести дека тој самиот по нападот пријавил дека го нападнале С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид.

Според него, македонската полиција измислува.

Advertisements

На прашањето дали ги познава напаѓачите, тој вели дека го познава само обвинетиот:

Само еден. Оној за кој кажав во полиција, Илија Спасески. Го познавам. Охрид е мал град, тој е близок пријател со ВМРОДПМНЕ“, вели Пендиков.Пендиков раскажува дека за време на нападот бил во ресторан со негови пријатели.„Дојдоа тројца и почнаа да ме напаѓаат дека сум Бугарин, вербално, со зборови. Зошто се нарекував Бугарин, рекоа дека сум предавник. Потоа го напуштив ресторанот за да му се јавам на Томе, претседателот на клубот, да му кажам што се случило. После тоа Илија излезе и ми го зеде телефонот. Ми рече да влезам внатре и да останам за да нема проблеми. Влегов внатре и видов дека не ме сакаат во ресторанот. Ја земав јакната и излегов надвор. Јас одев до паркингот, сам. Да си ја земам колата и да си одам дома. И таму се случи сè. Еден ме удри одзади, паднав на земја, ме клоцаа најмалку 10 минути“, вели Пендиков.