Милошоски му порача на Ковачевски: „Не биди релативизатор – напиши бугарски фашистички окупатор“

Пратеникот Антонио Молошоски му порача на премиерот Димитар Ковачевски да не ги релативизира ужасните факти во историјата и храбро да каже кој ја извршил депортацијата на Евреите од Македонија, за да не се повтори такво злосторство.

Пратеникот оваа порака до премиерот денес ја испрати по повод одбележувањето – 80 години од депортацијата на македонските Евреи во Треблинка.

Advertisements

„Премиере, за да не се повтори ужасот на депортацијата на Евреите од Македонија во логорите на смртта, треба да бидеш храбар и да напишеш и кој го извршил тоа злосторство. Дали депортацијата била дело на група поединци, паравоени нацистички формации или организиран државен апарат во сојуз со Хитлеровиот Рајх?! Не биди фејк инфлуенсер. Не биди релативизатор. За историјата да не се повтори напиши јасно, бугарскиот фашистички окупатор“, му порача Милошоски на Ковачевски.

 Претходно, претседателот на Еврејската заедница во Македонија, порача дека идеите за уништување на Евреите сè уште постојат, затоа денеска повеќе од било кога е битна светската солидарност.

„Вчера се навршија 80 години кога војската на фашистичка Бугарија и нацистичка Германија им пресуди на невините Евреи. Хитлер, Мусолини и Цар Борис решија да уништат 98 отсто од еврејската популација во Македонија. 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип никогаш повеќе не ги видоа своите родни градови. Често се прашувам дали 50 милиони жртви во Втората светска војна од кои 6 милиони Евреи, се научената лекција, за светот да живее во мир и демократија“, изјави Пепо Леви, претседателот на Еврејската заедница во Макеоднија.