(ФОТО) „Не е срамота деца да гладовет, а вие да носите керстој златни?! – Вевчани му одговори на Бигорскиот манастир

По реакциите во јавноста и од Бигорскиот манастир за маската со Исус и крстот од пивски гајби, која беше прикажана на годинешниот карневал во Вевчани, на Фејсбук денеска се огласија вевчанци кои остро одговорија на сите забелешки потсетувајќи дека маските се олицетворение на реалноста во општеството и на божемските верници.

Еве како на вевчански- радошки дијалект одговорија од карневалско Вевчани:

„Св.Васиља е традицја стара поќе од 1. 400 години. Постара од МПЦ, постара од Бигорски Манастир !!!!
Маските што се присутни на карневалот се олицетворење на неубајната, со цел таа неубајна да се истерат, да избегат лошјот дух.

Маскава конкретно што е коментирате и што непотребно барате извинвење го отсликвит чвекот „верник“ како пијаница. Верниците не требит да се пијаници и затва пијаницата е претставена во ваква форма. Пример како не требит да е чвекот кој го носит божјот дух во себе и е создаден од Господ.

Advertisements

Драги монаси од Бигорски кој до вчера имавте голема почит од сите вевчанци. Видете се порво самите. Видете го вашјот Епископ Партениј, па чвекот носит илјадници евра златен керст на него. Не е страмота? Не е страмота деца да гладовет, љуѓе со 100 денари да го ворвет денот, а вие да носите керстој златни што чинет илјадници евра?

За останатата јавност. Не мојт секој да разберит. Не мојт секој да го разберит значењето на хуморот и сатирата која Вевчани е прикажвит кон вас. Истите вие што критиковате за маските Вевчани, маските ве отсликвет вас, вашите грешни постапки низ целата година вметнати се во маските кој на 13 и 14 јануари продефилирвет во Вевчани.

Вевчани било и ќа бидит. Св.Васиља била и ќа бидит. Вие мојт да не сте, ама Св.Васиља Ѐ и ќа Ѐ, стално !!!“, се вели во одговорот објавен на фесјбук страницата Мое Вевчани.