Гинекологот д-р Михајло Вангелов против кого Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) најави дека ќе биде поднесена прекршочна мерка за случајот со новороденчето кое почина во неделата во Клиничката болница во Битола во изјава за порталот СДК вели дека за него нема докажана лекарска грешка, туку дека неговиот пропуст е од административен карактер во евиденцијата на пациентката, но не и од лекарски аспект.
Тој, како што пишува СДК, ја примил пациентката, а други двајца доктори Х.Ѓ и М. А ја породиле.
„Сочувство до семејството, но како што гледам никој не мисли на нив и на нивната болка. Ова го изјавувам за да ставам крај на хајката што се крена против мене, политичка или каква и да е. Санитарниот инспекторат најде пропусти во непополнувањето на историјата за што содветно ќе одговарам, но не за лекарска грешка! Тоа што имаше објава за некаква таблета, информација пуштена од некој кој сака да ми наштети, најодговорно тврдам дека не е вистина и за тоа има сведоци. Додека беше жената под мој лекарски надзор сѐ беше уредно и од ехо наод и од трите ЦТГ записи, таа не беше во процес на породување. Што се случуваше за време на раѓањето најдобро знаат дежурните лекари и родилката и затоа си има стручна комисија и за тоа не сакам да коментирам“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК гинекологот Михајло Вангелов.
ФОТО: Фејсбук профил