На социјалните мрежи кружи лажна реклама со измислено интервју во која се злоупотребени мои лични податоци и фотографии, а за што ќе бидат известени сите надлежните органи. Ве замолувам доколку видите таква реклама, текст, фотографија или интервју за било каков производ (чај, лек итн.), игнорирајте и не купувајте, предупредува познатиот лекар д-р Маријан Миленковски на својот фејсбук профил.
Овој лекар е еден од многуте случаи на злоупотреби што се случуваат преку измислени реклами на социјалните мрежи.
Претходно имаше реакции и на познати пејачи кои исто така предупредија дека станува збор за лажни интервјуа во кои наводно им препорачуваат производи на купувачите.
ПОВРЗАНИ СОДРЖИНИ
Македонскиот јазик и говорот на омраза - науката е најсилното оружје против политичката аг...
Детската клиника казнета со 5.200 евра - специјализанти прегледувале пациенти, наместо деж...
„ДПМНЕ и ЗНАМ станаа измеќари на ВРЕДИ“ - Левица бара расправа за Законот за бранителите в...
„15 луѓе не загинаа по своја вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата“ - Вучиќ...
„Tреба да трчаме трка со 110 метри со пречки, а ЕУ да си го исполни зборот“ - Мицкоски за ...