Не колку ние се гордееме со Гоце Делчев, туку колку и дали Гоце се гордее со нас и дали сме достојни да ги браниме неговите идеали, порача поглаварот на МПЦ-ОА, г.г Стефан на одбележувањето на 152 годишнината од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.
„Секој од нас и сите заедно треба да размислуваме не само колку ние се гордееме со него туку колку и дали Гоце се гордее со нас, потребно е да се запрашаме колку и дали за достојни родолјубци не смета Гоце, и колку и дали гледајќи ги нашите поединечни и заеднички дела во нас угледува свои вистински чеда кои ги чуваат и се подготвени да ги бранат неговите идеали и аманети“, рече македонскиот поглавар.
Државниот врв, политички партии, градоначалници, амбасадори граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред гробот на Гоце Делчев.
Владината делегација ја предводеше вицепремиерот Бојан Маричиќ, а новиот технички премиер Талат Џафери не дојде на чествувањето.