„Не може со сила да се биде претседател на Судскиот совет“ – разрешена е Весна Дамева

Не може да се седи со сила претседател, кога мнозинството не е задоволно од работењето. Јас очекувам, Весна да постапува совесно и одговорно и да каже за мир во куќа „Еве јас си давам оставка“. рече Селим Адеми, потпретседател на Судскиот совет на седницата на која беше разрешена актуелната претседателка Весна Дамева, информира во вестите ТВ Алфа.

„Претседателката е разрешена и веќе не може да раководи со седницата. Утре, во 11 часот закажуваме нова седница. За денеска седницата е завршена“, констатира Адеми.

На ова реагирала Дамева која рече дека, претседателот, иако е во салата, заменикот самоволно му го одзема раководењето и става точка на дневен ред.

Advertisements

„Јас сум ваш заложник и на луѓето што ви дадоа налог за седницата да се прекине“, рече Дамева.

Писмото од американската амбасадорка Агелер, како што извести Алфа, само додаде масло на оганот кој веќе горел помеѓу членовите на Судскиот совет. Заменикот на претседателката Дамева уште на почетокот на седницата побарал таа да поднесе оставка, ако не имал план Б, да се предложи нејзино разрашување, што се реализираше. Како што обвини Селим Адеми, Дамева го блокирала изборот на судии во Апелација со непотпишување на анекс-договорот.

Разрешената директорка Дамева тврди дека нема притисоци и нема да потпишува штетни договори.

„Ви благодарам многу, ме спасивте мене, оваа одлука е противзаконска. Но, нечии желби треба да бидат исполнети. Со гласање од седум гласа, каде што нема утврдено ниту основ за разрешување ниту број на гласови со кои се носи одлуката, ме разрешуваат… “ рече Дамева.