„Не сакаме тава, сакаме права“ – протест за женските права во Скопје

Во чест на 8 Март во Скопје се одржува марш за женските права од каде што беа испратени пораки за заштита, сигурност, социјална и здравствена правда, како и економска сигурност за жените.

Овие пораки јасно беа искажани преку ппароли – „Не сакаме тава, сакаме права“, „Денеска марш, утре штрајк“ и „Држава што не постапува е држава што убива“.

„Да се биде жена во Македонија е да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш дали ќе го преживееме тој ден. Во 2023 година жените и девојките во државата ги мачат прашања кои ја прикажуваат реалната слика со родовата нееднаквост во земјата, порачаа жените од маршот.

Advertisements

Од пред Собранието ќе бидат испратени и пораки до законодавците.

Овој марш е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед: од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените.
Се гледаме на марш!, порачаа од национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.