За време на најголемиот христијански празник – предвесник на Христовото раѓање, Бадник, се роди тројка во Македонија – две братчиња и сестричка.
Тие се родени во Болницата Плодност, од каде информираа за оваа прекрасна вест.
„Со голема храброст и љубов, мајката на свет донесе три мали ангели, на ден кој симболизира љубов, семејство и заедништво. Таа е во одлична здравствена состојба, пресреќна и благодарна што на свет донесе ваков благослов.
Со методите на асистирана хумана репродукција (АРТ), пациентката имаше успешно изведена инсеминација – која помогна во остварувањето на овој прекрасен момент.
„Со методите на хумана асистирана репродукција го зголемуваме наталитетот,“ вели прим. д-р Таше Трпчевски.
Денес сме сведоци на едно од најубавите чуда што медицината и животот можат да ги подарaт. Нека празничната магија продолжи во нивниот дом!“, велат од болницата.