Здравствените работници сѐ уште немаат земено плата за јануари, а не се ни знае кога ќе земат. Најчесто земаат плата околу 10 во месецот, а законскиот рок за исплата за плата истекува утре. После тоа се плаќаат камати, објави порталот СДК.
Здравствените работници од скопскиот Клинички центар за порталот изјавиле дека никој ништо не знае за платата, ниту некој им кажува дали има врска со минатонеделниот хакерски напад во Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ), или пак е нешто друго во прашање.
Фондот за здравствено осигурување информира дека функционалноста на системите постепено ќе се враќа и дека овој процес одезема дополнително време, но техничките тимови работат во континутет.