Укината е мерката куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски и прифатена е гаранцијата како мерка за обезбедување на негово присуство во рамки на кривичната постапка што се води против него, информира Апелацискиот суд.
Тој е обвинет за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст. 3 на Кривичниот законик и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст. 1 на Кривичниот законик, соопштија утрово од Апелационен суд Скопје.
„Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ – 816/23 на нејавна седница на ден 03. 11.2023 година, жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ja одби како неоснована и донесе решение со кое го потврди решението на Основниот кривичен суд Скопје со кое е укината мерката куќен притвор и прифатена гаранција како мерка за обезбедување присуство против обвинетиот Д.
Р. од С. , во рамките на кривичната постапка која се води против обвинетиот, а поради основано сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 ст.3 на Кривичниот законик и кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело од чл. 273 ст. 1 на Кривичниот законик, информираат од Апелација“, се вели во соопштението на Апелацискиот суд.