„Немојте да станете жртви на политичари што фрлаат камен и ја кријат раката“ – Алтернатива повикува на разумност

Централното претседателство на Алтернатива информира дека на редовен состанок на партијата се разговарало за актуелната политичка ситуација и општата безбедносна состојба во земјата, која според Алтернатива „е повредена со поттикнување на одредени деструктивни сили од опозициско потекло, кои сè уште не можат да се помират со фактот дека се во опозиција.“

За Алтернатива, како што велат, индикативно е дека овие инциденти се случуваат токму во времето кога се случуваат и српските напади на северот на Косово.

„Алтернатива ги осудува сите постапки кои ги повредуваат мирот и безбедноста и повикува на разумност и зрелост од страна на граѓаните, повикувајќи ги да не станат жртви на подбуцнувањето од неуспешните политичари, кои фрлаат камен и ја кријат раката. Во оваа прилика, освен што ја поздравува претпазливоста на Министерството за внатрешни работи, Алтернатива ги охрабрува органите на прогонот да бидат на врвот на нивните должности и да не дозволат на кој било начин да се загрози безбедноста на граѓаните.

Advertisements

Исто така, Централното претседателство на Алтернатива, го повикува Уставниот суд да не експериментира со своите права и обврски, што влијае на унапредувањето на правото на албанскиот јазик, бидејќи тоа може да биде удар за меѓуетничките односи во нашата земја и посветеноста на Северна Македонија кон интеграција во Европската Унија“, се вели во вечерашното соопштение на Алтернатива.