И секако граѓаните веднаш му го поставија многу прашања, меѓу кои и за срамното зголемување на платите на функционерите за дури 78 отсто во време на инфлација и криза.
Дали се согласувате со покачувањето на платите за 78 отсто?, беше едно од прашањата, а еве што одговори Стефковски:
„Покачувањето на платите доаѓа согласно Одлуката на Уставниот суд на Република Македонија, која Одлука стапува на сила веднаш и истата е задолжителна за институциите на системот и како градоначалник на општина Гази Баба немам право да коментирам одлука на највисокиот суд во државата. Но, доколку ме прашате како Бобан Стефковски секако дека не се согласувам и сметам дека во услови на сериозна инфлација во која цените одат нагоре, а платите на работниците стојат ваква одлука е неприфатлива. Она што би сакал да Ве уверам Вас, но и сите граѓани на општина Гази Баба е тоа дека како градоначалник досега многупати сум ја покажал својата хуманост и солидарност кон сите оние на кои им е потребна помош и тоа ќе биде така и во следниот период. Граѓаните кои изминатиот период од моето доаѓање во општината имале одредена мака или проблем и се обратиле до мене за помош, добро знаат дека секогаш од мене добиле подадена рака“.
.