Страотна несреќа во Прилеп – воз удрил во автомобил, загина возачот

Во битолската полиција утрово околу 4 часот е пријавено дека патнички воз кој сообраќал на релација Битола-Скопје, на железнички премин на улицата Трајко Николоски со улицата Леце Котески, во близина на железничката станица–Прилеп удрил во патничко моторно возило „поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Х.И.(76) од Крушево, кој починал на лице место.

„Од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт“, велат од МВР.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР-Прилеп.

Advertisements