Стриминг платфoрмата Нетфликс ја намалува цената на претплатата во балканските земји, вклучително и во Македонија, јави агенцијата Мета.
Поевтинувањето на претплатата е многу редок чекор што го преземаат стриминг платформите, а засега нема најава дека месечните претплати ќе поевтинат и во други делови од Европа или светот.
Известување за новите и пониски цени веќе добија претплатниците на Нетфликс што живеат во Хрватска, Србија, Словенија, Босна и Херцеговина, Албанија, Словачка, Бугарија и Северна Македонија.
За основниот план, наместо досегашните 8 евра, Нетфликс на Балканот отсега ќе наплаќа 5 евра месечно. Стандардниот план, наместо 10, сега чини 8 евра, додека премиум планот чини 10 евра, а е поевтин од досегашните 12 евра.
Намалувањето на претплатата во балканските земји доаѓа во време кога Нетфликс започна со реализација на планот за забрана на споделувањето лозинки.