Никој не бара одговорност за смртта на наш сограѓанин од директорите Фатон Ахмети и Грашковска од СДСМ

Ако од некој требаше да се побара одговорност, требаше да се бара од двајцата директори на ФЗО бидејќи не се на нивото на задачата, рече пратеникот Антонио Милошоски на денешната собраниска седница на која посочи на неколку сериозни проблеми во здравството, а потсети и на трагичниот настан кога неодамна почина пациент поради недостиг на лек.

Милошоски исткна дека директорот на ФЗО Фатон Ахмети веќе 13 ден е на службено патување во САД, а Ковачевски наместо да бара одговорност од него и од директорката од СДСМ Грашковска, се обиде смртта на лицето со цистична фиброза да ја поврзе со актуелниот министер.

„Во ФЗО имаме две клучни работи во изминатите денови, имаме 8 дена паднат систем и имаме 13 дена директор на ФЗО на службено патување во Америка. Тоа се двете најкрупни работи во фондот. Фатон Ахмети повеќе од 13 дена е на службено патување во САД и за него никој не бара одговорност. Премиерот се обиде на еден нефер начин одговорноста за смртта на еден наш сограѓанин да ја поврзе со актуелниот министер за здравство, но не слушнавме ниту еден збор за можна одговорност или непостапување на директорката на ФЗО Грашкоска од СДСМ и вториот директор на ФЗО Ахмети“, вели Милошоски.

Advertisements

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ освен политичката во Македонија гледаме дека има и здравствена несигурност.

„Во изминатите 2 години ние имаме менување на 3 министри за здравство, познатиот Венко Филипче, а сега и кумашинот на Таравари, докторот Меџити. Ако во 2 години менувате 3 министри тоа значи дека како влада немате концепт за здравството бидејќи концептот меѓу другото се темели и на личноста која што ќе ги води главните проектите во здравството, а овде гледаме дека нема таква личност, вели пратеникот Милошоски.

Според него Министерството за здравство е повеќе на Пазар 3, отколку Министерството за правда, и со тоа се создава здравствена несигурност кај сите граѓани.

„Министерството за здравство, морам да го разочарам тука професорот Тупанчевски е повеќе на Пазар 3, отколку Министерството за правда, веројатно заради ставките во буџетот, а и поинтересно министерство е за владата и за политичките партии, па и за некои поединци блиски на претседателите на политичките партии“, истакна Милошоски.

Тој потсети и на проектите за Клинички центар во Скопје, но и во Штип.

„Нема веќе ниту разговори за Клинички центар во Скопје, а изгледа е заборавен и се уште недовршениот клинички центар во Штип кој што претходната влада го почна, но гледаме дека сегашната влада не покажува никаков интерес оваа работа да биде завршена. Затоа сметам дека ваквата здравствена несигурност создава дополнителна неспокојство кај сите граѓани“, констатира Милошоски.

 

.