Никола Димитров се враќа во политиката – „ќе има мегдан, ќе ги кажам моите битки“

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров се подготвува да се врати на политичката сцена.

Тој тоа го најави во интервју на ТВ 21 каде што рече дека за неколку недели ќе обзнани јавно во каква форма ќе биде неговото делување.

„Јас долго време јавно зборувам, не сум престанал да бидат активен. Никогаш не сум бил член на партија, сум работел речиси со сите и со сите сум се разишол, мислам дека е тоа здраво, кога човек верува дека се фатиле кривини многу е поздраво да се држи до своето убедување отколку да вика магарето лета“, рече Димитров во вчерашното интервју за ТВ21.

Advertisements

Ако мислиме само дека со промена на власта ќе си ја средиме државата, грешиме, мора да го смениме системот, рече поранешниот министер за надворешни работи.

„Јас во блиска иднина ќе обзнанам на јавноста во каква форма ќе делувам. Не би можел сега тој план да го обзнанам. Тоа што можам да кажам е дека ние имаме проблем како граѓани, дека работите не ни се добри во државата. Тој проблем нема да ни го реши друг. Можат да ни помогнат нашите пријатели од Брисел и Вашингтон. Политичките партии нема да се разбудат едно утро и да речат „малку претеравме можеби треба поинаку сега, подобро, на друг начин да ја водиме политиката“. Граѓанството ќе мора да ги натера тоа да го прават. Првиот чекор е да видиме колку граѓани има кои се незадоволни, што сакаат ред во оваа држава и што сакаат законот да важи еднакво за сите. Ќе има мегдан ќе ги кажам моите битки“, изјави Димитров.