Николоски потсети на големиот тендер на МВР: Спасовски нема кредибилитет, има јавна набавка со компанија од црната листа на САД

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вели дека е добра идејата со закон да се забрани учество на компаниите кои се на црна листа на САД на јавни тендери, како што предложи министерот Оливер Спасовски, но според него во случајов прво треба добро да се размисли кој е кредибилитетот на луѓето кои што ги даваат тие идеи.

Николоски истакна дека Спасовски чиј ресор направи голема набавка на ИТ опрема нема никаков кредибилитет да дава вакви идеи.

„Во моментов можеби единствена поголема јавна набавка во Македонија која што е реализирана од компании и лица кои што се на црната листа на САД е реализирана токму во Министерството за внатрешни работи коешто направи една голема набавка на ИТ опрема од компанијата Инфинити која што е поврзана со семејството Додик, кои што се на црната листа на САД и беа на црната листа на САД и компаниите поврзани со Инфинити и семејството во моментот кога се случи оваа јавна набавка. Така што идеите се добри, но треба да имате кредибилитет да ги дадете“, изјави Николоски.

Advertisements