Николоски за РСЕ: Заев не го оствари ветувањето дека нема да коалицира со „криминалците и бандите од ДУИ“

Една од причините за сегашниот низок рејтинг на СДСМ е бидејќи не го реализираше своето ветување од 2016 година, кога тогашниот лидер на партија Зоран Заев рече дека нема да влезе во коалиција со „криминалците и бандите“ од ДУИ, вели пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во неделното интервју на РСЕ.

Тој вели дека после изборите „една работа е сигурна, а тоа е дека Влада со ДУИ нема да има.“

На новинарското прашање во врска со најавите на власта дека до крајот на годинава ќе се донесат уставните измени и ако се остварат нивните најави дека за уставните измени ќе гласа дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, дали раководството на партијата ќе поднесе оставка, како што најави за себе и лидерот Христијан Мицкоски, Николоски одговара:

Advertisements

„Тоа се празни приказни, година и пол трае оваа приказна. Уставни измени под бугарски диктат нема и нема да има, така што ова е затворено прашање.Уставни измени нема да има, така што мислам дека е беспредметно воопшто да влегуваме во тези и хипотези на коишто единствена цел имаат да се замајува јавноста од вистинските тема, а тоа е на пример како е возможно да Државна лотарија се исели од државни простории и оди во приватни простории потпише и да 2,6 милиони евра кирија и после таа фирма е купена од син на пратеник од ДУИ. Тоа се реалните теми во Македонија. Така што да ја затвораме темата, уставни измени под бугарски диктат ни пред, ни после избори нема да има. Тоа е затворена тема“, вели Николоски.