Николовски: „На овие избори не гласаме за или против СДСМ, туку за или против иднината на државта“

Овие избори кои ни претстојат се посебно важни за државата. На нив не гласаме за или против СДСМ, туку за или против иднината на државта. Право на грешка немаме, пишува на Фејсбук Љупчо Николовски. 

„Секој еден од нас има обврска добро да размисли во каква држава сака да живее следните години. Каква иднина посакува за младите, и за секој еден граѓанин.

Одговорноста на секој од нас е голема.

Advertisements

Овде во село Мелница има многу чесни и вредни земјоделци, луѓе домаќини. Сега пред вас е изборот дали сакате да продолжиме заедно, со авансно исплатени субвенции, со гарантирана и брза исплата на субвенциите, со 100 % зелена нафта, со модернизација во земјоделството…

Изборот е само ваш. Вашата одлука после 8 мај нема да имате можност да ја исправите. Ајде, заедно да направиме уште повеќе за земјоделството и за нашата татковина“, вели Николовски.