Тенка им е работата во нивниот двор, тие немаат единствен став, па сега ќе доаѓаат кај нас, вели Иванка Василевска, пратеничка во гостување на радио Лидер, а во врска со уставните измени и најавата на вицепремиерот Бојан Маричиќ дека ако не продолжи дијалогот со ВМРО-ДПМНЕ, од СДСМ ќе тргнат да разговараат со секој пратеник поединечно.
„Не верувам дека кај мене ќе се јави вицепремиерот. Но, и да се јави кај било кој од колегите мислам дека ќе го добие истиот договор. Мислам дека и претседателот Мицкоски кажа многу јасно ако е Димитар Ковачевски толку сигурен нека го стави тоа на дневен ред во Собрание, нека се покаже, ќе се преброиме и ќе видиме колку сме и што сме“, рече пратеничката Василевска во своето гостување.
Имено пратеничката Василевска потенцираше дека веќе една година во Собранието неколку пратеници од владејачкото мнозинство се изјасниле дека нема да подржат Уставни измени и дека тоа е против нивните принципи и убедувања.
„Тенка им е работата. Ќе ви кажам нешто други што провејува во Собранието изминатите неколку месеци можеби и година. Неколку пратеници од владејачкото мнозинство децидно се изјаснија дека нема да го подржат тоа, дека тоа е против нивните принципи и убедувања. Значи тие во нивното јато, во нивниот двор немаат единствен став, а не па сега ќе доаѓаат кај нас“, вели Василевска.