Ноев: Има бугарски политичари кои ги бранат интересите на Кремљ и ги влошуваат односите со Македонија

Има бугарски политичари кои ги влошуваат односите со Македонија и отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија, изјави во интервју за БТВ Новините поранешниот бугарски министер за одбрана и експерт за национaлна безбедност Бојко Ноев.

„Има бугарски политичари на кои не треба да им биде дозволен влез не само во Република Северна Македонија, туку не треба да им се дозволи да бидат и на бугарската политичка сцена. Тоа се бугарски политичари кои сакаат Бугарија да се одвои од Европа. Тоа се политичари кои одржуваат референдуми за отцепување од Европа, против еврото, а можеби и за влез во зоната на рубљата. Тоа се политичари кои отворено ги бранат интересите на Кремљ во Бугарија“, вели Ноев.

Ноев во итнервјуто истакнува дека лице кое има врска со Русија, истовремено и лидер на политичка партија, прави штета на односите со Македонија.

Advertisements

„Лице које има врски со Русија, со валутен прекар и е шеф на бугарска политичка партија. Луѓето како него предизвикуваат сериозна штета не само на европската иднина на Бугарија, туку и на нашите односи со Северна Македонија и на безбедноста на земјата“, вели тој.

Ноев оценува дека руските служби во политичкиот живот на Бугарија имаат голема улога, за што државата не презема доволно мерки за нивно неутрализирање.

„Никогаш немало вето за Северна Македонија, но клучниот услов на Бугарија е правата на македонските Бугари да бидат заштитени и почитувани со правата на сите други народи и луѓе во РСМ. Се додека ова не се случи, нема да има европска иднина за Република Северна Македонија“, изјави поранешен министер за одбрана на Бугарија.

„Потврдувањето на македонскиот идентитет доаѓа на сметка на забраната на се што е бугарско, што се одразува и на самите луѓе во РСМ кои се сметаат себеси за Бугари. Македонските власти се правдаат дека не можат да направат измени во македонскиот устав за признавање на правата на македонските Бугари. Но, во исто време донесоа закон против Бугарите за само неколку дена“, рече Ноев.