Д-р Марјан Шокаровски, кој е дел од тимот на Клиниката за кардиологија уште од нејзиното основање е новиот директор кој доаѓа на местото на разрешениот д-р Сашко Јовев.
Како што соопшти Министерството за здравство д-р Шокаровски е супспецијалист по кардиохирургија, завршил на Универзитетски клинички болнички центар – Загреб и има повеќегодишно хируршко и академско искуство во оваа област, раководител е на оперативниот блок, ангажиран е и како асистент на Медицински факултет – Скопје.
Тој е дел од тимот на досега извршените трансплантации на срце во нашата држава, вклучен и во иновативните хируршки интервенции на срце со минимален инвазивен пристап. Се едуцирал во повеќе земји, како Германија, Австрија, Англија, Франција…
Во изјава за Сител докторот вели дека на менаџерската позиција се согласил со цел Државната кардиохирургија да го продолжи континуитетот во успешното функционирање.
„Ќе се залагам Клиниката да го продолжи успешното функционирање и ќе се залагаме за воведување на нови методи во доменот на кардиохирургијата доколку се јави потреба“, изјави д-р Марјан Шокаровски.
Освен медицински, Државната кардиохирургија има и нов организациски директор.
По оставката на Гани Фетаи, на негово место е назначен Исак Јакупи.