Обвинителката Ленче Ристоска смета дека измените во Кривичниот законик за злоупотреба на службената положба со кои се овоможува поблаги казни за сторителите на кривични дела ќе влијаат и на борбата против корупцијата.
Според Ристоска измените се навреда за професионалците и ширење култура на неказнивост.
„Измените на КЗ и тоа како влијаат на културата на неказнивост која некако се протажира изминатите години. Обвинителство по мое мислење е ставено пред една многу неблагодрана и тешка задача. Имаме кратки рокови таму каде што не е настапена застареноста, тоа експресно да се заврши, од друга страна, ресурсите се такви какви што се, не ни се унапредени состојбите. Секако, во однос на предметите во кои сме вложиле многу и ресурси и енергија, веќе тие предмети ни застаруваат, голем дел од се во тек, барем по предметите кои јас постапувам. Во тек е анализа да видиме точно која ќе биде импликацијата на овие измени на КЗ. Меѓутоа, самите измени како такви, верувајте, јас лично ги доживувам како навреда на сите професионалци кои сме се вложиле во борбата против корупцијата бидејќи овие измени, најчесто, ќе ги афектираат коруптивните кривични дела“, вели Ристоска.
Обвинителите, вели Ристоска, сега треба да вложат максимум за да ги спасат предметите.
Обвинителството најави дека идната недела на колегиум ќе одлучува како ќе се постапува со случаите засегнати од новото законско решение.