Обвинителството собра докази за анестезиологот од Тетово, му се заканува долга затворска казна

Обвинителството во Тетово покрена обвинение за анестезиологот од тетовската болница кој е осомничен за две кривичните дела „несовесно работење во служба“ и „неовластено снимање“.

Обвинителството побара судот да му ја продолжи мерката притвор на докторот кој за Тик-Ток снимаше пациенти и медицински персонал во тетовската болница, информира Основното јавно обвинителство.

„Во спроведената претходна постапка беа прибрани докази кои го поткрепуваат основаното сомнение дека обвинетиот, како службено лице – анестезиолог вработен во ЈЗУ Клиничка болница во Тетово, на 14 април неовластено направил снимка од пациенти и вработени и ја објавил во живо на социјална мрежа, со што постапил очигледно несовесно во вршењето на своите овластувања и должности и потешко ги повредил нивните права“, велат од Основно јавно обвинителство.

Advertisements

За несовесно работење Кривичниот законик предвидува затворска казна од три месеца до пет години, а за неовластено снимање најмалку три години. Претходно Алсат објави дека неофицијално Дервиши ги признал делата и се очекува судската постапка да не трае долго.