Опозицијата не може да ја сопре изградбата на коридорите, „Бехтел и Енка“ гради во Србија со истиот договор – Артан Груби

„Со истиот посебен закон, со истиот договор, компанијата Бехтел – Енка гради и во Србија каде денеска државните органи пуштија во употреба дел од автопатот. Посебен закон изгласа и Собранието, беше договорен и потпишан договор со истата фирма за изградба на коридорите 8 и 10-Д, а неделава Владата плати 117 милиони евра аванс и за мобилизација. Лажните вести и блокадата на опозицијата во Собранието не можат да ја запрат градбата, само ја поскапуваат и пролонгираат“, напиша денеска на Фејсбук првиот вицепремиер, Артан Груби.

Тој додава дека од пратениците зависи дали автопатите ќе се градат побрзо и поевтино или побавно и поскапо“.