Како што вели еден аналитичар од Косово, Али Ахмети е архитект на модерна Северна Македонија. Неговата визија за државата е европска држава, сите заедно да чекориме кон ЕУ – Македонци, Албанци и сите други заедно, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21
„Јас сум министер за надворешни работи на Северна Македонија. Моите јавни изјави се државни ставови, не се лични. Ние имаме одлични односи и со Косово и со Србија и сакаме овие две држави да најдат компромис“, истакна Османи, коментирајќи ги односите помеѓу Белград и Приштина.
Тој вели дека откако е дојден како МНР, модифициран е ставот на МНР кон прашањето меѓу Косово и Србија.
„Нашиот став сега гласи: „Ние поддржуваме спроведување на договорот меѓу Косово и Србија, кој води кон меѓусебно признавање на двете држави“, порача Османи.