ОСОМНИЧЕНИОТ ЗА КРИМИНАЛ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА Артан Груби бара поблага мерка од притвор во Шутка

Поранешниот вицепремиер Артан Груби осомничен за криминал од над 8 милиони евра во државна Лотарија е подготвен да се врати во Македонија од Косово само ако добие поблага мерка – одземање на патната исправа.

Неофицијално неговиот адвокат Владимир Доневски, ова вчера во Кривичниот суд му го предочил на судијата на претходна постапка, објави порталот Република.

Одлуката на судијата за Груби се очекува денеска. Инаку Доневски е познат во јавноста како поранешен застапник на поранешниот владин генсек Драги Рашковски.

Advertisements

На четворица од осомничените во случајот „Лотарија“ им се одземени пасошите.

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за определување мерки за претпазливост против четири лица кои се опфатени со истрагата поврзана со ‘Државна лотарија на РСМ’, за кривичното дело Злоупотреба на службената положба и овластување од чл. 353 од КЗ, а кои во текот на ноќта беа сослушани во судот, донесе решенија со кои го прифати предлогот на ЈО и на сите 4 лица им определи мерки согласно чл. 146 ст.1 т. 2 и т.3 односно Одземање на патна исправа и Обврска за повремено јавување на службено лице во судот“, информираат од Кривичниот суд