Работниците во културата напладне ќе протестираат пред Министерството за култура и туризам, поради неисплатената мартовска плата.
Синдикатот реагира дека вработените останале без пари за велигденските празници, а причината ја гледаат во непочитување на колективните договори и нејасни упатства од министерството.
„СДСМ побара оставка од министерот Зоран Љутков, обвинувајќи го за хаосот во секторот и најави за приватизација на културното наследство.
Од ВМРО–ДПМНЕ возвратија дека токму СДСМ го партизирало културниот сектор во минатото.
Љутков преку социјалните мрежи се извини и најави исплата на платите по празниците, наведувајќи дека проблемот е последица на системски слабости.