Откако Обвинителството и МВР отворија предмет, јутјуберот Лазаров го отстрани спорното интервју на Латас

Спорното интервју на новинарот Драган Павловиќ Латас кај јутуберот Стефан Лазаров го нема на Youtube.

Интервјуто е емитувано пред пет дена. Латас во еден дел раскажува за своето сексуално искуство со девојка која негов другар ја тепал и имала секс со повеќе луѓе во автомобил фиќо.  Настанот како што објасни се случил кога тој имал 14 години.  По пријава од полицијата денеска Јавното обвинителство соопшти дека е отворен предмет.

„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки“, стои во соопштението.

Advertisements

„Денеска МВР поднесе Известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со претходно објавено интервју на С.Л. со Д.П.Л., како подкаст на Јутјуб канал. Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување“, се вели во соопштението од МВР.